Тркалезна маса за создавање општини – Пријатели на младите

Од:

На тркалезна маса во Струмица денеска се промовираше активното учество на младите во локалните заедници за создавање на општини-Пријатели на младите.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој истакна дека Општината во изминатата деценија доживеа вистинска експанзија во својот развој, со што стана една од најпрогресивните локални самоуправи во државата, а значаен дел од заслугите за тој прогрес одат и на адреса на младите струмичани, кои се вклучени во функционирањето и дејствувањето на Младински совет.

-Ние што ја водиме Општината заедно со Младински совет-Струмица, имавме зеднички стремеж да создадеме општина по мерка на младите и заедничко ни е задоволството дека успеавме во тоа. Но, тука нема да застанеме. Напротив, се водиме од тоа дека соработката што дава добри резултати треба да се негува и продлабочува на взаемно задоволство, истакна градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Тркалезната маса се одржа во рамките на проектот „Твојот пријателски град“, кој го имплементираат Младинскиот сојуз на Крушево и Младинскиот совет на Струмица со финансиска поддршка од УСАИД.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски