Тркалезна маса за континуирана едукација на судиите во областа на трговското право

Од:

 Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на проектите за јакнење на  судството и за унапредување на инвестирањето и извозот на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД, денеска организира тркалезна маса посветена на „Детектирањето на потребите за континуирана едукација на судиите во областа на трговското право“.

На собирот најавено е присуство на претставници на судството, бизнис заедницата и адвокатурата.

Целта на тркалезната маса е да се дефинираат најактуелните теми од областа на трговското право кои потоа ќе бидат вклучени во годишниот Каталог на активности во рамките на континуираната обука на судиите и јавните обвинители, кој Академијата го подготвува за 2013 година.

Со воведно обраќање тркалезната маса ќе ја отвори директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, а поздравно обраќање ќе имаат директорот на УСАИД Проектот за јакнење на судството судијата Џозеф Трафиканти и директорот на УСАИД Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот, Александар Шахов.

Излагања поврзани со темата ќе имаат и  судијата на Врховниот суд на Република Македонија Киро Здравев, судијата на Апелацискиот суд Битола, Татјана Сусулеска, советникот на УСАИД проект  за унапредување на инвестирањето и извозот Горан Лазаревски и професорот  на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје, Марко Андонов.

Модератор на тркалезната маса ќе биде извршниот директор на Здружението на правниците на Република Македонија, Даница Миладинова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ