Tркалезна маса „Соработка помеѓу деловната заедница и универзитетите‘‘

Од:

Создавање програми за високо образование кои ќе бидат релевантни за бизнис секторот и зголемување на бројот на практикантства е целта на денешната дебата на тема ‘‘Соработка помеѓу деловната заедница и универзитетите‘‘ организирана од Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).

Воведни излагања имаа Амбасадорот на САД, Џес Бејли и Мирослав Марчев, претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија, а во дебатата учествуваа претставници од компаниите членки на АмЧам Македонија, од државните и приватните универзитети и од студентските организации.

– Знаеме дека дел од нашите членки имаат востановени програми за соработка со одредени факултети и ваквите програми веќе добро напредуваат. Сепак, би сакале да се надоврземе на ваквите индивидуални односи кои веќе постојат и да создадеме јавна платформа, каде што би ги пренеле напорите за подобрување на општата состојба, која ќе му помогне на секој бизнис кој функционира во Македонија, изјави Марчев.

Во текот на дискусијата, учесниците дебатираа колку сегашната законска обврска за задолжително практиканство за сите студенти овозможува квалитетни практикантски ангажмани, дали е потребно стандардизација на практикантските програми, но не само од страна на компаниите туку и од страна на факултетите и кои се всушност очекувањата од практикантството на сите инволвирани страни (студентите, универзитетите и деловната заедница).

Меѓу другото, беше заклучено и дека оспособувањето на студентите за практична работа уште во текот на студиите е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност (преку стекнување на вештини) и способност за побрзо наоѓање работа. Компаниите во современата економија очекуваат дека дипломираните студенти треба веќе да имаат познавање од практична работа, со што се намалуваат трошоците за нивно понатамошно усовршување.

Беа отворени повеќе прашања околу вклучувањето на деловната заедница при подготовката и осовременувањето на академските програми и наставата, вклучувањето на претставници од деловната заедница како гости говорници и развивањето на практични проекти во соработка со нејзини претставници. Недостатокот на фондови за истражувања и развој и недоволниот број специјализирани програми дополнително ја отежнуваат квалитетната соработка и заемна поддршка помеѓу деловната заедница и универзитетите.

Учесниците сметаат дека успешниот развој на понатамошната соработка ќе се постигне преку заедничка работа и отворен дијалог со сите инволвирани страни.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза