Тркалезна маса: Да се почитува независноста на судската власт

Од:

Судиите и претставниците на релевантни институции кои учествуваа на денешната тркалезна маса едногласно ги поддржаа 12-те заклучоци на Судскиот совет на Република Македонија за заштита на нивната независност.

Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски презентирајќи ги заклучоците, рече дека  примарна и приоритетна цел е да се почитуваат основните начела со кои се гарантира независноста на судот утврдена во Уставот, законите и меѓународните договори.

– Судскиот совет е самостоен и независен орган во судството кој активно ќе дејствува за заштита на независноста на судската власт, ќе се залага за објективни критериуми при изборот и унапредувањето на судиите и ќе продолжи да ги следи судовите дали правилно се распределуваат предметите на судиите и дали тие се добиваат по автоматски пат по приемот на предметот во судот, рече Ушковски.

Во заклучоците е наведено дека Судскиот совет ќе продолжи поефективно да ја остварува примарната улога во заштита и зајакнување на функционалниот имунитет на судовите, како и да ги почитува европските стандарди по однос на начелата за одговорност, односно дисцилинските постапки  да се водат само по услови утврдени со закон и со обезбедена можност за жалба против одлуките на Советот.

– За воведување на ова начело потребно е да се конституира Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судијата, истакна Ушковски.
Во однос на  буџетот за судството, како што рече Ушковски, потребно е да се продолжи со негово зголемување и да се донесува со најголемо почитување на начелото на судска независност.

Тој посочи дека независноста на судството не зависи само од законската регулатива и оти континуирано треба да се зајакнува и свеста на самите судии во однесувањето.

Претседателот на Судскиот совет рече дека судството не треба да биде надвор од контрола на јавноста но, како што додаде, тоа потребно е да се остварува согласно европските стандарди.
– Во врска со ова нечело потребна е дебата меѓу претставници од Судскиот совет, од судството со претставници на новинари од ЗНМ и МАН. Судскиот совет, како и судовите кон новинарите ќе постапуваат со должен респект и почитување, без да се задира во нивното право за слободно информирање, односно да се почитуват човековите права и слободи, но исто така и новинарите не треба да го нарушуваат личниот интегритет на судиите, нагласи Ушковски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза