Млади, средношколци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане денеска ќе учествуваат на трка која ја организира Центарот за интеркултурен дијалог во рамки на проектот „Поттикнување на меѓуетнички дијалог”. Ова е прва од трите планирани трки, а младите ќе имаат можност да трчаат помеѓу селата Слупчане и Липково.
– Во рамки на проектот ЦИД организираше четири работилници за млади во Охрид, во април и мај со цел воспоставување простор за меѓукултурен дијалог кај младите преку заеднички активности кои можат да се одразат во секојдневниот живот во различните заедници во градот. Работилниците беа наменети за средните училишта во градот и во фокус го имаа надминувањето на стереотипите и предрасудите на различни култури, исто така дел од програмата се фокусираше и на младинско учество со цел мотивирање на младите да бидат активни чинители во нивната средина, изјави проектниот координатор Нами Исаки.
Втората трка ќе се одржи на 30-ти септември во Старо Нагоричане, помеѓу селата Пелинце и Старо Нагоричане и последната во Куманово. Во рамки на трките истовремено ќе се одржи и младинска размена во во трите општини, која има за цел да ги обучи младите во спортските активности што се одржуваат во овие општини.
Проектот се спреведува од Центар за интеркултурен дијалог од Куманово заедно со здружението Пројект 2020 ЦИЦ од Велика Британија. Активносите од овој проект се поддржани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.