Трипуновски: Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот

Од:

Денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со граѓани, каде што посочи дека ова се историски моменти за Република Македонија, за сите граѓани на оваа држава, бидејќи секоја генерација има своја битка.

– СДСМ ја понижи државата надвор, со договорот со Грција, со кој се направени големи отстапки и трајно се нарушени позициите на Република Македонија, и не е во интересите на државата. Со овој договор се губи идентитетот, историјата и културата. Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања, рече Трипуновски.

Трипуновски при самата средба со граѓаните го повтори ставот на партијата дека народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?