Трипуновски: Крушево е заборавено од СДСМ, нема проекти и инвестиции

Од:

Тажна е глетката која ја гледаме, славно Крушево и крушевчани оставени да се снаоѓаат сами како знаат и умеат. СДСМ повеќе од година ипол нема ниту еден проект, ниту една инвестиција, власта воопшто не се грижи за овој крај, вели Трипуновски.

„Крушевчани велат дека претставниците на власта го заборавија Крушево, никој не дошол во градот година ипол, единствено го виделе Заев кој наместо да отиде во Крушево службено и да ги слушне нивните проблеми, со своите другари на скап мотор се шетал низ градот приватно, без да се заинтересира како живее обичниот крушевчанец“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Младите како и од целата држава така и од Крушево се иселуваат, СДСМ не само што не го запре тој тренд туку и го забрза, младите не гледаат перспектива со оваа власт и бегаат е заклучокот на крушевчани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски нагласи дека ова е поради слабиот капацитет на власта, која освен на кримимал не мисли на ништо друго.

Тој потенцира дека СДСМ само декларативно се залага за ЕУ, а во реалноста прави се спротивно од тоа.

„За ова агонија која и се случува на државата да запре мора СДСМ да си замине, вели Трипуновски. Колку побргу, толку подобро. Пред штетите што ќе ги направат да бидат ненадоместливи, заклучи тој“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жена е прегазена во Крушево, со тешки повреди пренесена во болница

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”