Тринаесет лица загинале во автобуската несреќа која попладнево се случи на автопатот Скопје-Тетово , информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој во изјавата пред Градската општа болница „8 Септември“ рече дека седуммина од патниците починале на самото место.
Филипче додаде дека меѓу загинатите има и помлади лица на возраст од 25-30 години. Меѓу починатите патници нема деца, а преживеал и возачот на автобустот.
„Во болницата ‘8 Септември’ хоспитализирани се вкупно 25 лица, од кои 22 се хоспитализирани, а тројца ќе бидат пуштен на домашно лекување“, рече Филипче.
Во Клиничкиот центар се примени вкупно 5 пациенти, од кои тројца лесно повредени, една од нив е бремена, но е полесно повредена и би требало да биде пуштена на домашно лекување.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот на повредените.
Со цел персонал ангажирани се и приватните болници „Систина“, „Неуромедика“ и „Ремедика“ за да одговорат на сите повици за помош на повредените.
Пред Градската болница има десетици семејства, роднини и пријатели на дел од повредените во несреќата, во очекување на нови информации за здравствената состојба на нивните блиски.
Во болницата дојде и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој не даде изјава за медиумите. Засега причините за несреќата остануваат непознати.
Васко Маглешов