Тринаесет сообраќајки, пајакот отстранил 71 возило вчера во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и двајца мотоциклисти.

Се случила и една железничка незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник, а двајца машиновозачи се здобиле со полесни повреди.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седумнаесет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 13 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, како и шест возачи на мопеди и на мотоцикли кои не го носеле заштитниот шлем за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, објект „Пржино“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела вода.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава