Тринаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Тринаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.

Изминатите 24 часа со поголема брзина од дозволената возеле 45 возачи, двајца биле под дејство на алкохол, 12 возеле пред да се стекнат со правото да управуваат моторно возило и тројца биле почетници. Шест возачи поминале раскрсница на црвено светло, а двајца не им дале предност на минување на пешаци.

Од сообраќај се исклучени 13 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Сообраќајната полиција издала 64 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози