Трифуновски: Инспекторите се постојано на терен за гроздоберот да помине без проблеми

Од:

Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство се постојано на терен на сите откупни пунктови во Тиквешко и другите региони во кои се откупува грозје, информираше директорот Цветан Трифуновски кој денеска ги посети Неготино и Кавадарци и неколку откупни пунктови за грозје.

-Така ќе биде се додека трае гроздоберот. На тој начин ќе бидат отклонети и најмалите сомнежи кои евентуално би ги имале лозарите при продажбата на грозјето, во делот на мерењето на шеќерните единици или почитувањето на законските обврски кои треба да ги спроведуваат самите откупувачи, изјави Трифуновски.

Потсети и на измената во Законот која беше договорена помеѓу лозарите и винарите, со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и на договорот за лански цени.

Би можело да ве интересира

ГДУ до Заев: Врзете си ги кучињата, винарии кои не плаќаат за грозје се идеални за популизам

МЗШВ: Исплатени 93,2 отсто од винското грозје од ланската реколат

Емир Латифовиќ

Тиквешките лозари најзаинтересирани за садење на сортата грозје „смедеревка“

Емир Латифовиќ