Триесетдневен притвор за насилник кој се обидел да обљуби малолетник

Од:

Жител на гостиварското село Долна Бањица, доби триесетдневен притвор од судија во Основниот суд Гостивар, под соменение дека извршил полов напад на четиринаесетгодишен малолетник.

Од СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, потврдија дека на И.Е (47) од Долна Бањица му е поднесена кривична пријава за „полов напад врз дете“ и „противправно лишување од слобода“.

Според СВР Тетово, настанот се случил на 24 мај околу пладне. Бањиченецот, влегол во еден од тамошните објекти и го повикал 14-годишниот малолетник, со кого од претходно се знаеле, наводно за да му помогне околу сечење дрва. Кога детето пристигнало во куќата, осомничениот ја заклучил вратата, ги соблекол панталоните и се обидел со сила да го соблече и него и да го принуди на сексуален однос. Притоа во неколку наврати и го удрил. Детето се спротиствавувало и постојано го молело да ја отклучи вратата за да замине.

Голготата на дететото според првичните сознанија на полицијата траеле речиси два часа, по што осомничениот И.Е. ја отклучил вратата и детето заминало дома. Случајот малолетникот и го раскажал на мајка си, по што бил пријавен и во полиција.

По пријавата, И.Е. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а судија вчера попладне му определил притвор  од  30 денови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк во Англија – осудени се на високи казни

А1он

Ја силувал и ја уценувал, и се јавувал на сопругата да му донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Катерина Ѓуровски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он