Триесетдневен притвор за лицето кое пукаше кон „Деспина“

Од:

Триесетдневен притвор му е одреден на 22-годишен скопјанец, осомничен дека пукал кон три лица кои се наоѓале пред угостителскиот објект „Деспина”, соопшти полицијата.

Притвор заработи С.С., додека 24-годишниот А.И., неговиот врсник А.М. и 22 годишниот Д.Т.П. се пуштени да се бранат од слобода.

Убиството во обид се случило минатиот понеделник (01.10) околу 05, 30 часот на улицата “Анастас Митрев”, поточно пред угостителскиот објект “Деспина”, каде С.С., А.М. и А.И. пристигнале со моторно возило „Голф 4″, управувано од А.И. и од возилото во движење, С.С. од задното седиште со огнено оружје пиштол, кој го поседувал без одобрение, испукал неколку проектили кон ноќниот клуб, пред кој биле три лица, оштетувајќи го моторот на кој седело едно од лицата.

Инаку, на извршувањето на кривичните дела претходела банална расправија помеѓу С.С., А.И. и А.М., кои биле во алкохолизирана состојба со една келнерка од локалот, по што двајца обезбедувачи од локалот ги отстраниле од објектот, но без притоа да има било каков физички контакт помеѓу нив.

Инаку, сите пријавени уште како малолетници се познати сторители имотни деликти, а по стекнувањето на полнолетност се извршители на кривични дела проследени со насилство, фалсификување пари и недозволено поседување на огнено оружје.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски