Триесет и шест нови организации се приклучија на „Кризниот штаб против референдумот“

Од:

Триесет и шест нови организации денес пристапија кон Меморандумот за стратешка соработка за бојкот на референдумот. На 5 август 28 организации формираа т.н. „Кризен штаб против референдумот“, а со новите приклучоци, тој сега брои 64 организации – политички партии, невладини организации и граѓански иницијативи.

Денес, Меморандумот за соработка против референдумот го потпишаа Фондот Спаси ја Библиска Македонија од Мелбурн, Меѓународната хуманитарна организација Шумкоски, Македонската радио програма – Мелбурн, Сојуз на Македонци со исламска религија, Здружение за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија, Македонско-руски сојуз на жени, Австралиско македонски совет за Нов Јужен Велс во кој членуваат 30 македонски организации, или вкупно 36 нови организации.

Тие сметаат дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно ќе го бојкотираат референдумот и нема да излезат да гласаат на 30 септември бидејќи се против промена на името.

Координаторот на „Кризниот штаб против референдумот“ Драган Угриновски најави дека во петок на отворен јавен собир пред Собранието ќе биде презентирана кампањата на Кризниот штаб под слоганот „Македонија-бојкотира“ која ќе стартува во сабота каде ќе биде посетено секое село и град во државата.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал

Горан Наумовски

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов