ВИДЕО: 28 организации под водство на Бачев со кампања за бојкот на референдумот

Од:

„Христијанско братство“, „Македониум“, „Аманет 1903“, „Трета партија на Македонците“, „Тврдокорните“, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации, на чело со Јанко Бачев од „Единствена Македонија“, почнаа кампања под слоганот „Македонија бојкотира“.

Дваесет и осум организации потпишаа меморандум и формираа т.н Кризен штаб за кампањата.

– Ние сме собрани да не дозволиме да не избришат од светската мапа на нации. Оваа битка е поголема од предавничката на власта. Ја спречуваме промената на името. На Илинден им сметаше МТВ, бојкотот значело прифаќање на Договорот со Грција, тоа е лага. Ќе им остане предавството. Новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците, рече Бачев.

Најавија дека ќе одат од врата на врата да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Горан Наумовски

Референдум во Република Српска на 25 октомври