Триесет и второ искачување на Титов Врв

Од:

Планинарскиот клуб „Љуботен“ денеска и утре го организира 32-рото искачување на највисокиот врв на Шар Планина „Титов Врв 2013“.

Планинарските друштва денеска ќе пристигнат на Попова Шапка, а утре наутро колона планинари ќе се упатат кон Титов Врв, висок 2.747 метри. Пешачењето трае околу четири и пол часа.

– Планинарската манифестација на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и од цела Европа кои имаат ист освојувачки поход – заедно да се искачат на Титов Врв, соопшти организаторот.

„Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои од 1925 година. Во изминатите 31 искачување учествувале 19.200 планинари. Оваа година се очекува врвот да го искачат над илјада планинари.

Манифестацијата се организира под покровителство на а.д. Електрани на Македонија.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска