Триесет дена притвор за убиецот од Кавадарци

Од:

Осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци, четириесетгодишниот Тони Станоев по неговото апсење одредена му е мерка притвор од 30 дена.

На прес-конференција портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска денеска потсети дека осомничениот беше приведен вчера во 11 часот и 30 минути во близина на Градските гробишта во Кавадарци. Според неа, по претходно добиени сознанија бил извршен претрес на терен на северната страна на градските гробишта во Кавадарци, при што Станоев бил забележан од полициските службеници на оддалеченост од околу 20 метри.

– Издадена му е наредба да застане, но тој извадил пиштол и цело време го држел во десната рака со цевката надолу кон земјата. Повторно му е издадена наредба да застане, но ја одбил и се дал во бегство, по што од страна на полициски службеници испукани се неколку предупредувачки истрели во воздух. Осомничениот продолжил да бега низ околните улици, но повторно влегол во градските гробишта каде е обиколен од повеќе полициски службеници. По кратко убедување го спуштил пиштолот и од страна на полициските службеници е лишен од слобода, појасни Стојковска.

По извршениот разговор со осомничениот во Полициската станица – Кавадарци, таа посочи дека било утврдено дека на во неделата околу 16 часот осомничениот се упатил во куќата на родителите на неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка и по кратка расправија со сега починатата Билјана и Снежана Леови, со пиштол кој го носел со себе испукал по еден куршум во пределот на градите.

– Потоа, се качил на спратот од куќата каде бил Илија Леов во кој испукал еден куршум во пределот на градите, по што го напуштил местото. Од здобиените повреди на лице место починале сопружниците Билјана Илија Леови, додека нивната ќерка Снежана им подлегнала на повредите во Општа болница Кавадарци, истакна Стојковска.

Осомничениот претходно бил пријавуван за „насилство“, „телесна повреда“ и „одземање малолетник“, но нокогаш и покрај сите пријави не му бил одземен пиштолот.

Би можело да ве интересира

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага