А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Триесет дена притвор за четири лица осомничени за петочното пукање во центарот на Тетово

by А1он02/12/2018 - 13:3102/12/2018 - 13:32176
Share0

Четири лица добиле 30 денови притвор како осомничени за нивна вклученот во вооружената престрелка од петокот на булеварот Маршал Тито во Тетово информираа од СВР Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Д.М.(43) од Лавце, Б.Д.(43) од Тетово, Ѓ.Р.(28) од Шипковица и А.М.(37) од Тетово вчера биле изведени пред судија во претходна постпка во Основниот суд во Тетово откако полицијата против нив поднела кривични пријави за две дела предизвикување општа опаснот и недозволено иразботување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. По определената мерка тие во текот на изминатата ноќ биле пренесени во КПУ Затвор Скопје на издржување на притворот.

Од полицијата информираа дека досега вкупно лишиле од слобода седум лица осомничени дека учествувале во вооружената пресметка пред два дена додека трагаат и за други за кои имаат сознанија дека биле учесници во истиот вооружен инциден.

Во петокот нешто по 21 часот најпрвин започнала расправија помеѓу Д.М.(43) од Лавце и Б.Д.(43) од Тетово од една страна со Н.М.(34) Тетово од друга страна во едно тетовско казино по што тие излегле на булеварот Маршал Тито каде започнале и престрелка со огнено оружје, пиштоли и калашникови. Од куршумите за среќа немаше повредени но биле оштетени три угостителски и продажни објекти, една балконска врата од стан и едно возило. На самото место при увидот биле пронајдени повеќе чаури за пиштол и калашников калибар 9 и 7,62 милиметри, две возила и други траги што биле подигнати за вештачење.

Следете a1on на Youtube YouTube
crna hronikamvrtetovo

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он07/09/2026 - 10:25

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски03/09/2026 - 10:5903/09/2026 - 11:30

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 11:0529/08/2026 - 13:05

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео