Трибина „Значењето на авторството и иноваторството во насока на поттикнување на економскиот развој“

Од:

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, денеска во организација на Здружението на граѓани „Еснафи“ ќе се одржи трибина „Значењето на авторството и иноваторството во насока на поттикнување на економскиот развој на Република Македонија“.

Целта на трибината е да се разменат стручни мислења за можностите за унапредување на искористувањето на правата на интелектуална сопственост во насока на зголемување на конкурентноста на македонското стопанство. На форумот ќе се обратат Љубомир Ракиџиев претседател на ЗГ „Еснафи“ и Сафет Емрули директор на Државниот завод за индустриска сопственост, а за значењето на правата на интелектуална сопственост за развојот на економијата доц. д-р Неда Здравева, Правен факултет „Јустинијан Први“.

Трибината е поддржана од ЗГ СПАТУМ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот завод за индустриска сопственост, Центарот за образование за интелектуална сопственост при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Алжир, тројца навивачи загинаа откако падна трибината

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар