Студентската организација „Излез“, во пресрет на тригодишнината од постоењето на истоименото студентско списание, организира трибина на тема „Студентските медиуми во Македонија: што може иднината да научи од минатото?“.
Учесници на трибината ќе се Томе Груевски, поранешен директор и уредник во „Студентски збор“, Саши Ордановски, поранешен уредник и новинар во „Млад Борец“, Ѕвездан Георгиевски, поранешен новинар во „Млад Борец“, Стефан Алексиќ, координатор на Радио МОФ и Жанета Трајковска, директорка на Високата школа за новинарство и односи со јавност.
Трибината предвидува неформална панел дискусија која би ги препознала главните медиумски труења на студентскиот активизам, некогаш и денес. Дискусијата ќе го проектира во слободен потег просторот на идни можности за афирмирање на домашниот студентски глас.
Трибината ќе започне од 16 часот во среда, 3-ти април, во ЕУ-инфоцентарот во Скопје.
Јасна Атанасова