Tрибина со лекари за употребата на канабисот во медицински цели во Македонија

Од:

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ организира втора научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија“. Оваа трибина за разлика од првата, како што посочуваат од Здружението, е од медицински карактер. Предавачи ќе бидат проф. д-р Арбен Таравари, ексминистерот за здравство и специјалист-невролог, доц. д-р Аспазија Софијанова, специјалист-педијатар и професорка на Медицинскиот факултет, д-р спец. Нико Беќаровски, специјалист-токсиколог, д-р Дарко Костовски, специјалист психијатар во ГОБ 8-ми Септември, ас. д-р Филип Гучев, специјалист ревматолог, и д-р Игор Стојковски, специјалист онколог.

Трибината ќе се одржи на 7 март 2018 година, во „Кино Култура“, од 13 до 15.30 часот. Лани во организација на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ – Скопје и Здружението на млади кривичари се одржа научна расправа на тема „Легализација на канабисот, да или не?“.

Пред бројната публика на стручната расправа излагање имаа адвокати, судии, професори и обвинители, кои говорејќи за легализацијата на канабисот од правен аспект, заклучија дека за прашањето за легализација на канабисот мора да се следат современите трендови и, во таа насока, да се отвори сериозна јавна дебата за усогласување на законодавството со либералните концепти за легализацијата на канабисот.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“