Три скопски булевари етапно ќе бидат затворени поради утрешниот протест од Скендербег до Канцеларијата на ЕУ

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре со почеток во 13 часот и 30 минути е најавен протест кој треба да почне од плоштад „Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на ЕУ.

„За таа цел од 13,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул.”Гоце Делчев”, бул.”Илинден” и бул.“Климент Охридски”.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози