Три момчиња од село Љубин нападнале скопјанец и му го одзеле возилото, по што направиле сообраќајка

Од:

Вчера околу 15,00 часот во Скопје на булевар „8-ми Септември“ во близина на крстосницата со булевар „Илинден“, додека С.С. (19) од Скопје, управувал патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки , бил пресретнат од патничко моторно возило „Даеву рејсер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле И.С. (19), Ш.С. (27) и М.С. (21), сите од с.Љубин, кои најверојатно поради нерасчистени должничко доверителни односи физички го нападнале С.С., а потоа му го одзеле возилото и избегале.

С.С. се упатил во ГОБ „8-ми Септември“ каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување. Двајца од напаѓачите, бегајќи од лице место со возилото „Даеву“, управувано од Ш.С., движејќи се со голема брзина во село Сарај на улица „1724“, удриле во патничко моторно возило „Волксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, при што М.С., сопатник во возилото „Даеву рејсер“ и возачот се здобиле со повреди. На неколку метри од местото на незгодата патничко моторно возило „Пежо“ управувано од третиот напаѓач И.С(19) удрило во бетонски ѕид . Од страна на полициски службеници во ПО-Сарај лишени се од слобода И.С., Ш.С. и М.С.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања