Три месеци по локалните избори Македонија се уште без министер за здравство

Од:

Слободните места во владата се уште стојат празни и на три месеци по локалните избори, откако се испразнија, но и по неколкунеделните најави на премиерот Зоран Заев дека многу скоро ќе бидат дополнети.

Три месеци Македонија е без министер за здравство, а испразнети се и две фотелји на министри без ресор и едно заменичко министерско место.

За нов министер за здравство премиерот го предлага Венко Филипче, за кој Заев смета дека е човек што ќе ги спроведе реформите.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села пред три дена не го прифати понуденото вицепремиерско место за реформи во Владата, што му беше понудено во замена за позицијата министер за здравство.

Села истакна дека тие остануваат на своите ставови дека сакаат да го задржат тоа министерство, кое остана празно откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар.

– Имавме средба со премиерот. Јавноста веќе е запознаена за што се работи. Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ и да се омаловажува Алијансата за Албанците. Такво нешто нема да прифатиме. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција за што би било заменик премиер за носење бурек и после таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер. Ние остануваме на нашите ставови дека ќе го држиме Министерството за здравство и нема да правиме договори и наддоговори. Договорот за формирање Влада е направен кога се направи Владата, изјави Села и кажа дека тие го предлагаат Вулнет Ферати за министер за здравство.

Денеска во Гостивар, Централното Собрание на Алијансата за Албанците ќе одржи редовен состанок на кој треба да се разгледаат состојбите во партијата и да се направат подготовки за партискиот конгрес, а медиумите информираат дека на состанокот ќе се разговара и за тоа дали Алијанса на Албанците ќе остане во владината коалиција.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи изминатава недела изјави дека ќе има само пополнување на испразнетите министерски места и дека нема да има реконструкција на Владата.

Артан Груби од ДУИ кажа дека Арбр Адеми ќе биде заменик министер за образование и наука. Тој потенцираше дека ситуацијата е решена и дека парламентарното мнозинство е стабиле и без и со партијата на Зијадин Села.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти