Три лица повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Три лица, од кои едно потешко, се повредени во три од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Oд страна на сообраќајната полиција санкционирани се 32 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 57 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 77 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ коешто се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Во сабота со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар меѓу Вардар и Загреб. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он