Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Три лица се здобиле со тешки, а четворица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна несреќа е причинета материјална штета.

Според полицискиот извештај, 64 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, седум возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач почетник.

Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 63 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.

Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и пет за неправилно престројување.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози