Три граѓански организации бараат спроведување темелна истрага околу бегството на Сашо Мијалков

Од:

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата Сите за правично судење и Фондацијата Отворено општество – Македонија, бараат спроведување темелна истрага за институционалните пропусти околу бегството на поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање, Сашо Мијалков, стои во заедничкото соопштение проследено до јавноста.

Оттаму дополнуваат дека и покрај епилогот на овој случај, кој, според нив, значеше обезбедено присуство пред судските органи на обвинетиот и сега веќе притворениот Мијалков, сметаат дека е неопходно итно утврдување на одговорност од страна на надлежните органи за настаните кои му претходеа на изрекувањето на пресудата.

-Ние, долупотпишаните граѓански здруженија, бараме темелна и брза истрага за институционалните пропусти околу недостапноста на органите за прогон на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. И покрај епилогот на овој случај, кој значеше обезбедено присуство пред судските органи на обвинетиот и сега веќе притворениот Мијалков, сметаме дека е неопходно итно утврдување на одговорност од страна на надлежните органи за настаните кои му претходеа на изрекувањето на пресудата, се вели во соопштението.

Сметаат дека ова бегство се случи токму поради отсуството на соодветна реакција за пропустите и неажурноста на институциите, што овозможија бегство од земјата на Никола Груевски, кој беше осуден на двегодишна казна затвор со правосилна пресуда во случајот познат како „Тенк“, како и на други три лица од високо-профилираните кривични постапки.

Нагласуваат дека истрагата и понесувањето одговорност е од исклучителна важност за градењето правна држава и владеење на правото, поради очигледните пропусти на македонскиот кривично-правен систем. Трите здруженија додаваат дека добиените сознанија за институционален пинг-понг и непотребни преписки од моментот кога се добиени индиции за бегство на обвинетиот Мијалков, до моментот кога му се губи трагата, ја потврдуваат неажурноста на надлежните органи во борбата против криминалот.

-Токму затоа инсистираме на истраги преку кои ќе се утврди одговорноста за пропустите во постапувањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на Министерството за внатрешни работи и на Агенцијата за национална безбедност. Соодветно на резултатите од истрагата, бараме да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници, кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, со што помогнале обвинетиот Мијалков да стане недостапен на органите. Сите контрадикторни тврдења, изјави во медиумите, целокупното однесување и постапување на ОЈОГОКК , фрлаат дамка на непристрасноста и стручноста во постапувањето на ОЈОГОКК, поради што бараме Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија да спроведе постапка за да се утврди одговорноста за пропустите во постапувањето, се вели во соопштението.

Се додава дека сметаат оти само со сериозен пристап за утврдување на вистината и одговорноста во самите институции, може да се изгради функционален систем, кој обезбедува правда и во кој сите се еднакви пред законот.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов