Три години затвор за поранешниот главен оперативен работник во УБК

Од:

Ексглавниот оперативен работник во УБК, Петре Пешовски, е прогласен за виновен и осуден на 3 години затворска казна. Пешовски ќе треба и да надомести штета од 39 милиони и 470 илјади денари, а притворот е продолжен до правосилност на пресудата.

Пешовски претходно денеска во судот призна вина за злоупотреба на службената каса во тајната полиција. Покрај него, обвинети се уште тројца поранешни вработени во УБК, Тони Јакимовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска. Обвинителката Ивана Трајчева во воведниот говор рече дека обвинетите ги уништиле евиденциите за потрошени парични средства односно главните книги, без посебно одобрение од директорот, без формирање комисија за ништење и без записници.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за злоупотребени пари од над 820 илјади евра.

Во временскиот период од 2007 до 2017 година, во 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите.

Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата. Со ваквите дејствија го оштетиле државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Димитриев: Го информираве ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вработен во УБК призна вина за злоупотреба на касата во тајната полиција

Васко Маглешов

Димовски ќе реферира пред надзорната комисија за преземањето кадри од поранешна УБК

Ана Ололовска

Спасовски: За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димовски: УБК заминува во историјата, денеска е првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност

Ана Ололовска

Обвинителство: Четворица вработени во УБК проневериле 824 илјади евра

А1он