Три години од големиот шумски пожар над Струмица кој одзеде четири човечки животи

Од:

Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов се имињата на четворицата сограѓани кои ги загубија своите животи, како последица на големиот шумски пожар кој на денешен ден пред три години го зафати ридот над Струмица. Тригодишнината од овој трагичен настан беше одбележана со положување свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од пожарот од страна на претставнивци на Советот на општина Струмица и членови на семејствата на настраданите.

Претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов истакна дека споменот за четворицата сограѓани кои смртно настрадаа справувајќи се со огнената стихија, не смее да има заборав, а настанот од 23. јули 2012 г. треба да биде опомена за сите, за никогаш да не се повтори.

Јосиф Христов: ,, Денес се навршуваат три години од оној злокобен 23. јули 2012 година, кога големиот пожар кој избувна на струмичкиот рид веднаш над периферијата на градот, беше причина четворица наши граѓани трагично да го загубат својот живот. Струмица вечно ќе ги памети имињата на браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса, кои храбро се бореа со огнената стихија и со надчовечки напори се обидуваа да спречат, огнените јазици да ги зафатат и куќите од горниот дел на градот. Таа нивна храброст и пожртвуваност, за жал ја платија со нивните животи. Секој граѓанин треба да им биде благодарен за она што тие го сторија, а на сите нас трагичниот настан од 23. јули 2012 година, треба да ни биде голема опомена. Дај Боже тоа никогаш повеќе да не се повтори. По повод тригодишнината од овој немил настан, а во чест на четворицата трагично загинати сограѓани, на симболичен начин со положување свежо цвеќе пред споменикот што во нивна чест го подигна Општина Струмица, им оддадовме должна почит на Стојков, Стојанов, Ѓоргиев и Гркљанов. Тој спомен за нив, не смее да има заборав.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење