Три деца заразени со морбили во критична состојба

Од:

Едно дете со церебрална парализа, кое е заразено со морбили и има тешко воспаление на белите дробови, е во критична состојба на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Клиниката за детски болести, пак, информираа дека две деца заразени со морбили хоспитализирани кај нив, се во критична состојба.

Филипче посочи дека динамиката и во текот на вчерашниот ден е вообичаена, исто како и изминатите денови, околу четири до пет случаи со морбили се примаат на Клиниката за инфективни болести. Во Детската болница во Козле, информира Филипче, се сместени само пациенти со грип, нема пациенти со мали сипаници.

„Овие мерки кои ги донесовме досега дадоа задоволувачки резултати – над 6.000 деца се веќе вакцинирани. Се надевам дека истата динамика ќе продолжи и натаму и во следниот период ќе имаме поголем број вакцинирани деца. Тоа е една од можностите оваа епидемија да заврши што побрзо. Сите деца кои се невакцинирани се во исклучително висок ризик да заболат од морбили“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на Националниот форум за здравство насловен „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

Се бара истрага за вмешаноста на Филипче на Онкологија: Утре повторно протест пред Влада

А1он

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

Белгија се соочува со епидемија на детски бронхиолит

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст

Ана Ололовска

Министерството за здравство, УНИЦЕФ и СЗО со заеднички апел – да се делува за да се спречи можна зараза со морбили

А1он