Три деца на роденденска забава се напиле дизентал, завршиле на болничко лекување

Од:

Три деца на роденденска забава се напиле дизентал, извести полицијата.

Според МВР, вчера во 20.40 часот во полициската станица Аеродром, од ЈЗУ – Клиника за детски болести било пријавено дека во 18 часот во клиниката биле донесени тројца малолетници со црвенило на слузница во устата.

Според пријавеното, децата биле на роденденска забава во игротека на подрачје на Аеродром, а по преземени мерки и извршени разговори со родителите и вработените било утврдено дека децата се напиле од течност од шише, најверојатно дизентал, кое било оставено на шанкот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Обвинувањата дека сестра го повредила бебето на Детска клиника завршија како „недоразбирање“

Катерина Ѓуровски

Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти реагираат здруженијата на медицински сестри

Како била лекувана Срна на Детската клиника: Родителите обвинуваат, докторите велат дека е сторено се што е потребно

Александар Тодески

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски