Населеното место Богородица,објектите кои гравитираат према граничниот премин, како и граничниот премин „Богородица“ утре во времето од 9 до 12 часот ќе останат без струја и вода за пиење со која се снабдуваат од регионалниот водовод „Гевгелија“.
Од контролниот енергетски центар на ЕВН во Гевгелија информираа дека поради редовни проверки на трафостаниците, три часа без струја и без вода поради прекин на работата на пумпите од бунарското подрачје „Вардар“ ќе останат казината „Принцес“, „Сенатор“ и „Фламинго“ конзервната фабрика „Пајдаков“, бензинските пумпи „Лук оил“, „Макпетрол“ и „Шимов“, како и населените места Богородица,Стојаково и Селемлија.