Трето продолжение на состанокот на претседателството на ДУИ, следното закажано за 13 април

Од:

Претседателството на Демократската Унија за Интеграција го оддржа третото продолжение на состанокот на Претседателството започнато на 16ти март 2018 каде што беше разговарано за спроведувањето на програмата од страна на централната извршна власт како и околу политичките актуелности.

На состанокот, Претседателот Ахмети го запознал раководството на партијата околу разговорите со коалицискиот партнер во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство како и спорот со името, истовремено зборуваше и за законот за употреба на јазикот.

Членовите на Претседателството детално го разгледаа текот на имплементацијата на програмата и го затворија делот на известување од страна на министрите, заменици министри и државни секретари пред партиското раководство.

Состанок на Претседателството ќе продолжи наредниот петок, на 13ти април, со почеток од 14:00 часот во седиштето на партијата во Тетово каде ќе започне широка дискусија околу градењето на страгијата на ДУИ за две децении пред нас

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он