Третиот блок на РЕК Битола исклучен поради планиран зафат

Од:

Третиот енергетски блок на РЕК Битола денеска е исклучен поради планиран зафат, а потребите од електрична енергија во целост се задоволени од домашните капацитети, информира АД ЕЛЕМ.

Исклучувањето, како што велат од АД ЕЛЕМ, е извршено денеска во претпладневните часови, поради сигнализирано зголемено ниво на силикати во кондензациониот дел на котелот.

– Станува збор за планиран превентивен технолошки зафат, кој се очекува да трае од 24 до 72 часа. Оваа состојба не беше пресудна за погонската подготвеност на постројката и неминовно не предизвика исклучување на термоблокот, меѓутоа, поради подобрувањето на временските услови и намалениот конзум на електрична енергија беше одлучено овој краткотраен технолошки зафат за санација на кондензациониот дел од котелот да се изврши токму во овој период, се наведува во соопштението на АД ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ информира дека сите производствени капацитети се во функција и во целост одговараат на потребите на електроенергетскиот систем на државата, а целокупните потреби од електрична енергија на тарифните потрошувачи за времетраење на зафатот ќе бидат задоволува од сопственото производство и, како што се наведува, нема да има дополнителен увоз на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Замрзнат имот во Србија на бизнисменот Борче Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ

Судот одлучи: Нема затворски притвор за осомничените за местење тендер од 1,6 милиони евра во РЕК Битола

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Меѓу приведените нема актуелни директори на РЕК Битола, реагира ЕСМ