Трета студентска конференција за енергетска ефикасност

Од:

Околу 40 трудови поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој ќе бидат презентирани на третата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2015“, што започна денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ, во Скопје.

Како што соопшти ФЕИТ, деканот Миле Станковски на отворањето на конференцијата нагласи дека факултетот комплетно посветува внимание на енергетиката како област.

– ФЕИТ докажува дека ги има најдобрите студенти кои знаат и умеат да организираат меѓународна конференција на високо ниво. Ова значи дека тие ќе бидат и добри стручњаци во областа, чиј напредок е енормно голем, рече Станковски.

Претседателот на Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР Бодан Велковски, порача дека конференцијата претставува одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, професорите и компаниите од енергетскиот сектор.

– Студентите како идни инженери се повеќе ќе се справуваат со проблеми и предизвици кои ги наметнува револуцијата во енергетскиот сектор. Оваа меѓународна конференција претставува мост на соработка меѓу студентите и професионалците од регионот, кои работат заедно на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина, рече Велковски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза