Трета изложба на макети и диорами

Од:

 Третата изложба на макети и диорами, организирана од Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ вечер ќе биде отворена во Домот на АРМ во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени макети од борбени воздухоплови и оклопни возила, а посетителите ќе може да се информираат повеќе за макетите и начинот на нивната изработка. На изложбата ќе има гости од макетарскиот клуб „Олуј“ од Белград, макетарскиот клуб „Скејл модел клуб Бугарија” и макетарскиот клуб „Наредник Михајло Петровиќ“ од Ниш.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 6 март во периодот од 12 до 21 часот.

Основна цел на првиот макетарски клуб во Република Македонија е промоција на макетарското хоби, како и подигнување на техничката култура.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“