Трета доза вакцина за сите над 60 години, здравствените работници и за лицата со имунокомпромитирани состојби

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирале граѓаните и без разлика дали претходно се вакцинирале во друга држава.

Препораката за трета доза, според Филипче, се препорачува кај граѓаните над 60 години, кај здравствените работници и кај сите пациенти со имунокомпромитирани состојби. Третата доза вакцина ќе се прима најмалку 6 месеци по примената втора доза.

Процесот ќе започне од понеделник, а граѓаните од овие категории преку системот „Мој термин“ ќе добијат смс-порака дека можат да ја примат третата доза вакцина.

„Согласно сознанијата, таа треба да биде од производителот Фајзер, а ќе видиме понатаму дали ќе има препораки од други производители“, изјави Филипче.

Тој најави дека ќе стигне донација од Данска од 250.000 дози на вакцината „Џонсон“, која има рок на траење до 2023 година.

За наредниве денови Филипче најави дека ќе се презентира методилогијата за скрининг на учениците во основни и средните училишта.

„Факт е дека има трансмисија меѓу учениците, која е многу мала, но често децата се асимптоматски носител. Во наредниве денови ќе се знае колкава бројка ученици ќе бидат тестирани за да се добие репрезентативен примерок“, изјави министерот за здравство.

Тој изјави дека засега 37 проценти од населението во државата има примено барем една доза вакцина.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски