Трета доза вакцина примиле 24 илјади граѓани

Од:

Прва доза вакцина во земјава примиле 803.408 граѓани, втора доза 773.537, а трета доза примиле 24 021. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Во изминатите 24 часа се регистрирани 436 нови случаи со Ковид-19 и седум починати лица. Вчера починала и 17 – годишна пациентка која имала хронично заболување јувенилен дијабетес тип 1.

Според податоците на Министерството за здравство, заклучно со 27 октомври, педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа се направени 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи со Ковид-19. Регистрирани се и седум починати лица, а оздравени се 321 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид–дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а на активни случаи изнесува 6.499.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски