Трет пожар за една недела на подрачјето во Македонска Каменица

Од:

Доцна синоќа е локализиран пожарот кој вчера попладне избувна кај каменичкото село Дулица. Како што соопшти командирот на ТППЕ од М.Каменица, Малин Трајчевски, причината за пожарот е човечки фактор.

– До доцна во ноќта наша екипа синоќа учествуваше во гаснење на пожар во село Дулица. Во гаснењето учествуваа двајца пожарникари со едно возило. Помош имавме од локалното население и екипа на шумско стопанство. Пожарот настанал од човечки фактор, т.е невнимание, соопшти Трајчевски.

Додаде дека штетата во пожарот дополнително ќе се утврдува.

За период од седум дена ова е трет пожар кој се случува на територијата на Македонска Каменица. Претходно пожар се гаснеше во село Саса и кај месноста Каменарски рид.

Би можело да ве интересира

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски