Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Од:

Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30).

Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00).

Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00).

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ Каја Шукова ќе даде изјава за медиуми во Аеродром.

Независниот кандидатот за градоначалник на град Скопје подржан од Независни заедно проф. д-р Горан Марковски ќе одржи прес-конференција во врска со капиталниот проект од неговата програма – пречистителна станица за градот Скопје.

Изборната кампања, која почна во понеделникот, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226