Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

Од:

Пред зградата на Работничкиот дом (ССМ) во Скопје денеска почна протестот на Сојузот на синдикати организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов порача дека работниците даваат црвен картон на судот, појаснувајќи дека тоа се должело на направени обиди за притисок врз синдикатите.

-Денеска ние работниците се собравме пред Работничкиот дом, домот кој сакаат да го конфискуваат од нас за да го уништат синдикалното движење. Работничкиот дом пред кој повеќе од 70 години ги започнувавме сите протести, сите штрајкови и денеска го започнуваме големиот работнички протест. Ние работниците дадовме црвен картон на судот заради тоа што направи обид да изврши притисок врз синдикатите да ги уништи, дозволи функционерска чизма на вратот на работниците за да молчат, да бидат понизни, тоа што го направија денеска го гледаме на дело. Ние синдикатите, ние работниците, ние граѓаните, пензионерите сме сите тука денеска за да покажеме дека колку повеќе не напаќаат посилни не прават и колку повеќе пробуваат да ги уништат синдикатите ние се повеќе сме силни, порача Трендафилов.

Синдикатот на денешниот протест ќе потсети на барањата за пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор,за минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

Протестот продолжи пред Собранието и Стопанската комора и се очекува да заврши пред Владата.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Cиндикалната минимална кошница за јуни изнесува 1.052 евра

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење