Трендафилов очекува пресуди до крај на годината за истраги за перење пари

Од:

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов очекува до крајот на годинава да има кривични пријави и пресуди за некои од предметите за перење пари, а кои, како што вели, се со суми во милионски вредности.

Докажувањето на перење пари, потенцира денеска Трендафилов, е прилично сложен процес.

– Пред месец и половина реков дека Управата за финансиско разузнавање работеше на предмети со прилични суми и тие се во истражни или во предистражни постапки и знаете, бидејќи и тогаш нагласив докажувањето на перење пари е прилично сложен процес. Но, во државата веќе постои едно чувство дека тие предмети ќе се процесуираат и ќе има пресуди за нив. До крајот на годината ние очекуваме, значи за повеќе предмети коишто ги водеше и СЈО и таму имаше предмети поврзани со перење пари, и Обвинителството за организиран криминал во моментот води предмети во кои имаме суми коишто се во милионски вредности, и сметаме дека до крајот на оваа година ќе имаме за овие предмети – поднесено и кривични, а некои ќе бидат и со пресуди, рече Трендафиов, во одговор на новинарско прашање во однос на истрагите за перење пари.

Би можело да ве интересира

Европол откри мафијашки нарко „синџир“ преку следење на паричните трансакции

Кривичен им одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Полицијата уапси државјанин на Косово кој во Македонија е осомничен за злосторничко здружување и перење пари

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”