Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија ја почна јавната седница на највисоките тела пред Собранието каде упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра. Пред Собранието беше донесена одлука пратениците да земаат минимална плата се до наредното зголемување на минималната плата.

– Вашите сега 79 отсто зголемени плати не ги заслужувате и затоа дојдовме тука поради фактот што вие не одлучувате за нас, ние ќе одлучиме за вас. Почитувани работници, да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Седницата продолжува пред Стопанската комора на Северна Македонија, а треба да заврши пред Владата.

На почетокот пред Работничкиот дом во Скопје, работниците со едноминутно молчење им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани.

Претходно, денеска во изјава за медиумите министерот за економија и труд Бесар Дурмиши рече дека одлуката за зголемување на минималната плата од 1.800 денари е донесена согласно законот.

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

ССМ повикува на масовен протест на 14 март: Платите мора да се зголемат

Горан Наумовски

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари