Тренчевски: Пехчево ќе биде општина достојна за живот на сите генерации

Од:

Пехчево ќе биде општина достојна за живот на сите генерации, истакна денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Пехчево од СДСМ, Драги Тренчевски. Тој ги најави приоритетните проекти предвидени во неговата програма.

– Три капитални проекти кои ќе се реализираат во првите две години од добивањето на мандатот се реконструкција на локалниот пат Робово-Умлена, решавање на проблемот со водоснабдувањето на Пехчево и околните населени места, како и регулација на дел од речното корито на Пехчевска Река. Освен ова, планирана е реконструкција на пристапните патеки до Пехчевските водопади, реконструкција на патот Пехчево-Равна Река, градски покриен пазар, изградба на кружен тек на булеварот „Равен“, изградба на комплекс гаражи, завршување на инфраструктурата во индустриската зона „Чуката“, санација на дивите депонии, истакна Тренчовски.

Тој додаде дека предвидени се уште голем број инфраструктурни проекти во градот и населените места, како и изградба на градска капела во Пехчево.

– Ние ќе ги слушаме граѓаните и ќе излегуваме во пресрет на сите нивни потреби. Во Пехчево, ќе има живот за сите, и за младите и за работниците, за земјоделците, за пензионерите. Нема повеќе да се делиме по партиска основа и ќе создадеме општина која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Овде е нашето место за живеење и овде треба да обезбедиме живот за сите. Гласајте за живот во Пехчево, заокружете го број 19 за иднината на општината, онаква каква што ја заслужува секој наш сограѓанин, истакна Тренчовски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ