Остварените права се видливи права, особено кога на лицата со телесна попреченост им се олеснува движењето во јавниот живот, со што тие постојано ќе бидат меѓу нас, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешниот настан со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Македонија „Мобилност-Македонија“. Таа рече дека на ортопедските помагала, на дел од нашите сограѓани им се олеснува секојдневието, бидејќи тие слободно ќе се движат.
„17 електрични додатоци за движење на инвалидска количка и на 13 инвалидска колички на електро-моторен погон на граѓаните кои ги исполниле условите, потврдуваме дека сите луѓе се родени еднакви и слободни. Верувам дека со овој пример на Министерство за труд и социјална политика кој во континуитет го продолжуваме, ќе поттикнеме и кај останатите институции на локално ниво, да покренат акции и да делуваат за подобрување на движењето на лицата со телесен инвалидет. На ваков начин, не само што придонесуваме кон слободата на движење, туку го подобруваме и квалитетот на животот и ја зголемуваме социјалната инклузија. Само слободни луѓе се среќни луѓе! Посакувам овој ден денеска да донесе среќа и насмевка кај сите вас “, рече министерката Тренчевска.
Министерката Тренчевска посочи дека Министерство за труд и социјална политика, е партнер во сите акции кои се во интерес на граѓаните во насока на подобра иднина, поквалитетен и посреќен живот.