Тренчевска: 18.000 денари е нереална сума во моментов, 13.300 денари ќе биде најниската пензија од септември

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска смета дека 18.000 денари минимална пензија е нереална сума, но дека барањата на Иницијативниот одбор на пензионери и на Сојузот на пензионери се слушнати и ќе се формира работна група за прашањето за минимална пензија, за да се утврди износ на минимална пензија.

– Не очекува ново усогласување со септемвриската пензија. Ги очекуваме деновиве податоците од Заводот за статистика и врз основа на овие податоци ќе го знаеме точниот процент за усогласување на пензиите на сите 330.000 пензионери. Мислам дека до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија, а која ќе биде над прагот на сиромаштија утврден според Светска банка.

За законското решение кое што е во моментот и за кое сите пензионери се согласија, вели дека 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, во изминатото полугодие, во однос на она што му претходело. Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од ДЗС и врз основа на нив ќе видиме колку ќе биде. Можно е шест, можеби нешто повеќе, се зависи од статистиката – истакна министерката Тренчевска.

Таа не кажа дали има компромис меѓу иницијативниот одбор, Сојузот на пензионери и министерството за 18.000 денари минимална пензија.

– Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско, 18 илјади денари пензија е нереална цена, затоа што минималната плата ни е 20.000 денари. Не сакам да се доведеме во ситуација по неколку месеци да се прашуваме дали ќе добијат пензија сите 330.000 пензионери. Тоа е вистинска грижа, не се потребни популистички мерки. Во неколку месеци ќе ги задоволат потребите на сите пензионери, но на подолг рок ќе се доведе во прашање стабилноста на Фондот. Нема да дозволам да се доведе во прашање исплатата на пензиите.

Пензиите се економска категорија и висината на истата зависи од тоа колку луѓето вложувале во неа во текот на работниот век, неправедно е да ги изедначиме сите. Во септември по 13.300 денари ќе нема пензија“, потенцираше таа.

Би можело да ве интересира

Раскол во собраниската Комисија за социјална политика поради Законот за бранители, седница не се одржа

Катерина Ѓуровски

Тренчевска до Мицкоски: Ќе го прифатите ли сега Законот на СДСМ за минимална плата од 450 евра?

А1он

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски