„Трансверзалец“: Доставени се информации до соодветните институции за трагичниот настан

Од:

Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Од таму објавија дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре ќе клубот ќе има изјава за медиуми.

„Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари“, објави „Трансверзалец“ синоќа на Фејсбук.

Дополнително, наведуваат од „Трансверзалец“, во врска со официјалниот извештај, клубот ги доставил сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава во петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот.

Двајцата планинари загинаа викендов на Кајмакчалан на планината Ниџе, по пад во бездна. Тие биле дел од група од 50-тина планинари.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска