Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми

Од:

Транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано од страна на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза.

Состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и единиците на АРМ. Грчките полицајци пак, пропуштаат периодично во Македонија да влегуваат помали групи од по стотина мигранти.

Според проценките на УНХЦР и Црвениот крст вчера од Гевгелија кон Табановце заминале повторно околу 3.000 мигранти, а таа бројка се очекува да биде постигната и денеска.

Од железничка станица информираа дека утрово со вонреднио воз што тргна од платформата кај прифатниот камп кон Табановце се упатиле 700, а со редовниот воз заминале уште 500 мигранти. Останатите кои чекаат да бидат евидентирани во прифатниот камп во Гевгелија во текот на денот кон Табановце ќе се превезуваат со автобуси и таки возила.

Општина Гевгелија вчера донираше 1.500 пакети со вода и исто толку пакети со кроасани кои беа прифатени од претставниците на УНХЦР и Црвениот крст кои им ги поделија на мигрантите.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Чикаго како воена зона – солзавец, гумени куршуми и пукање

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци