Транспортниот сектор трпи загуби поради коронавирусот, бараат поддршка и помош

Од:

Транспортниот сектор бара поддршка и помош поради загубите што ги трпи по новонастаната ситуација со коронавирусот. Загубите, велат, допрва ќе се анализираат.

– Неопходна е поддршка и помош на секторот кој се соочува со нереализирање услуги, неисполнување на договори, намален број на патници, ограничувања за движење на стоки, принудно отсуство на возачи, а зголемување на трошоците за македонските фирми, се наведува во денешното соопштение објавено по вчера одржаниот состанок на транспортниот сектор, АМЕРИТ и Транспорт Легис со претставници од надлежните институции.

Поради ситуацијата со коронавирусот, транспортерите бараат донација на средства за дезинфекција за редовна дневна дезинфекција на возилата за превоз на патници, дистрибуција на летоци и постери за постапување во случаи на контакт со заболени, лична хигиена и информации за контакт, субвенционирање на придонесите за плата на вработените во периодот во кој се применуваат мерките за превенција од ширење на Ковид -19 и банките да дозволат мораторум на ратите за плаќање на кредитите.

Со цел да се избегне изрекување глоби и санкции поради нередовното одржување на линиите и непридружување кон возниот ред, превозниците да достават информација до Здружението на превозници ТРАНСПОРТ ЛЕГИС – Скопје, за линиите кои не се во можност да се одржуваат за да може оваа информација да се препрати до надлежните органи.

Се предлага и АМЕРИТ да назначи контакт лице со Меѓународната унија за патен транспорт за доставување на ажурирани информации до транспортерите, а во врска со мерките што другите земји ги превземаат и влијаат врз патниот товарен и патнички транспорт.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата од која се бара да ги усвои.

– АМЕРИТ и Транспорт Легис потсетуваат дека патниот транспорт е неопходен за правилно функционирање на економијата, а со тоа и квалитетот на животот што го живееме. Секое нарушување или прекин на транспортот ќе има последици во секој аспект на животот, вклучувајќи го здравјето, дистрибуцијата на храна и енергија. Земајќи ја во предвид ургентноста на состојбата, потребно е да покажеме дека можеме заедно да се справиме со состојбата и во оваа кризна состојба да демонстрираме цврсто јавно-приватно партнерство, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска