Трамп ќе назначи нов американски амбасадор во Македонија

Од:

Доналд Трамп ќе назначи нов американски амбасадор во Македонија, откако нема да биде продолжен мандатот на актуелната амбасадорка Анџела Агелер, која е на функцијата од август 2022 година. Според новинската агенција АП, администрацијата на Трамп планира промена на амбасадори во најмалку 29 држави низ светот. Дипломатите биле известени дека нивните мандати ќе завршат следниот месец. Во Европа, покрај Македонија, се очекуваат смени и во Ерменија, Словачка и Црна Гора.

Станува збор за амбасадори именувани за време на администрацијата на Џо Бајден, кои останале на функциите и по почетокот на вториот мандат на Трамп.

Од Стејт департментот соопштија дека ваквите промени се стандарден процес во рамки на секоја нова администрација, додавајќи дека погодените дипломати ќе имаат можност да продолжат со работа во надворешната служба на САД.

Кадровски промени се најавуваат и во американските дипломатски мисии во Африка, Азија, Блискиот Исток и Јужна Америка.

Би можело да ве интересира

Макрон ги поканува „средните сили“ на сојуз против Америка

Војната во Иран е фијаско, Time објави инсајдерски извештај од Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Иран: „Новиот режим знае што треба да прави, електраните се следни“

Катерина Ѓуровски

Анкета на CNN: Трамп се соочува со длабок јавен скептицизам во врска со војната со Иран

Трамп ја разреши главната обвинителка Бонди

Трамп: Иранскиот режим побара прекин на огнот